Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
- Како што соопшти МНР, во фокус на средбата ќе биде 75. јубилеј на Алијансата што ќе се одбележи на претстојниот Самит во Вашингтон.

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе одржи НАТО работен појадок.
Како што соопшти МНР, во фокус на средбата ќе биде 75. јубилеј на Алијансата што ќе се одбележи на претстојниот Самит во Вашингтон.
Воведното обраќање на Муцунски ќе биде отворено за медиумите, по што ќе следува затворена дискусија. мч/вг/
фото: МИА архива