• петок, 20 декември 2024

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин, на која беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Министерот Мисајловски искажал благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон, пак, порачал дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот било заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји, било нагласено, продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност. сст/аа/

Фото: МО

Остани поврзан