• петок, 05 декември 2025

Министерот Минчев се сретна со претставникот на СЗО во земјва, Аким Али

Министерот Минчев се сретна со претставникот на СЗО во земјва, Аким Али

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска остварил средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Република Македонија, соопштија од Министерството.

На средбата било разговарано се работата на СЗО во земјата и за можностите за соработка, особено во контекст на ЕУ реформите кои се во тек во областа на јавната администрација.

- Министерството за јавна администрација активно учествува во процесот на модернизација на јавниот сектор и унапредување на ефикасноста на институциите, особено во делот на управувањето со јавните услуги. Успешната реформа на јавната администрација е клучна за создавање на поефикасни и транспарентни институции, кои ќе одговоруваат на потребите на граѓаните и ќе ја поддржат европската интеграција на земјата, потенцирал министерот Минчев, се наведува во соопштението.

Д-р Аким Али ги презентирал тековните проекти и иницијативи на СЗО, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка за успешно спроведување на ЕУ реформите во Република Македонија.

- Средбата заврши со договор за понатамошно зајакнување  на соработката, со фокус на остварување на заеднички цели и унапредување на процесите во јавната администрација, се додава во соопштението од Министерството за јавна администрација. цр/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан