• четврток, 25 јули 2024

Министерот Минчев на средба со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

Министерот Минчев  на средба со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одржа состанок со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на кој се разговараше за тековната и идна соработка насочена кон зајакнување на демократското владеење и реформата на јавната администрација, информираат од Министерството за јавна администрација.

На состанокот фокус бил ставен на неколку клучни области, вклучително и зајакнување на транспарентноста, отчетноста и посветеноста за поттикнување на поинклузивен и поефективен систем на јавна администрација.

Министерот Минчев ја истакнал важноста на меѓународната соработка за постигнување на овие цели.

- Нашето партнерство со ИРИ е од клучно значење за спроведување на најдобрите практики во јавната администрација. Посветени сме да работиме заедно за да создадеме потранспарентна и поодговорна институција во интерес на нашите граѓани, рекол Минчев. 

Претставниците на ИРИ ги претставиле нивните тековни програми и истакнаа ентузијазам за континуирана соработка со Министерството.

-Ја поздравуваме посветеноста на Министерството за јавна администрација за унапредување на демократските принципи и заложбите за промовирање на демократското владеење и реформите во јавниот сектор, посочила Илина Мангова, регионална советничка за Европа на ИРИ. сст/ев/

фото Министерств за јавна администрација
 

 

Остани поврзан