Министерот Минчев на средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, на која се разговараше за тековните и идните активности кои Министерството ги спроведува, со фокус на реформите во јавниот сектор.

Скопје, 26 септември 2024
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, на која се разговараше за тековните и идните активности кои Министерството ги спроведува, со фокус на реформите во јавниот сектор.
За време на средбата, Министерот Минчев и Амбасадорот Силвестри ги истакнаа можностите за соработка како и придобивките кои произлегуваат од споделувањето на искуствата и знаењета во области како што се градење капацитети во јавните институции и доброто владеење.
„Република Италија продолжува да биде партнер во поддршката на напорите на Република Македонија за модернизација на јавната администрација, а денешната средба ја зајакнува нашата цел за создавање ефикасно, транспарентно и фокусирано владеење во интерес на граѓаните на нашата држава“, - посочи министерот Минчев.
Амбасадорот Силвестри ја нагласи подготвеноста на Амбасадата на Република Италија да сподели експертиза и да соработува со Министерството за јавна администрација за реформите кои позитивно ќе влијаат на вработените во јавниот сектор.
Средбата заврши со можност за унапредување и продлабочување на соработката како и воспоставување на редовен дијалог за поддршка на тековните реформски напори и меѓународни проекти кои ќе ја подобрат социјалната и економската благосостојба на нашата држава.
Кабинет на Министер за Јавна Администрација
Министерство за Јавна Администрација на Република Северна Македонија
Фото: Кабинет на Министер за Јавна Администрација
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.