• понеделник, 18 ноември 2024

Министерот Маричиќ се сретна со претседателот на Уставниот суд, Мурати

Министерот Маричиќ се сретна со претседателот на Уставниот суд, Мурати
Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати.
На средбата, како што објави на Фејсбук министерот Маричиќ, разговарале за повеќе теми како владеење на правото и унапредување на соработката со цел постигнување на европски стандарди во правосудството.
Претходно, претседателот на Уставниот суд, Мурати беше примен од премиерот Зоран Заев. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, меѓу другото станало збор за актуелните прашања од сферата на уставното судство и правосудството. дма/сст/

Остани поврзан