• петок, 22 ноември 2024

Министерот за финансии на Украина: На буџетот му недостигаат пет милијарди долари за воени трошоци

Министерот за финансии на Украина: На буџетот му недостигаат пет милијарди долари за воени трошоци

Киев, 23 мај 2024 (МИА) - На државниот буџет на Украина му недостасуваат пет милијарди долари потребни за воени трошоци, изјави денеска министерот за финансии Серхи Марченко во интервју за радиото Хромадске.

Според него, откако САД го усвоија долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари, новите средства ги покриваат социјалните и хуманитарните трошоци на Украина.

-Во пракса, имаме голем фискален проблем, нерешеното прашање со воените трошоци, тврди тој.

Украина во изминатите шест месеци доби минимална воена помош од своите партнери, што, според министерот, го оптоварува буџетот во однос на дополнителни воени расходи, пишува Киев Индипендент.

-Во моментов мислам дека можеме да зборуваме за цифра од околу пет милијарди долари. Размислуваме како ќе го покриеме дефицитот во блиска иднина, истакна министерот.

Како што рече во април министерот за стратешка индустрија, Александар Камиши, буџетот за одбрана на Украина од 40 милијарди долари за оваа година вклучува шест милијарди долари за набавка на оружје.

На крајот на март Киев доби заем од 1,5 милијарди долари од Светска банка. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан