• недела, 22 декември 2024

Министерот за одбрана на САД изрази солидарност со Украина на втората годишнина од војната

Министерот за одбрана на САД изрази солидарност со Украина на втората годишнина од војната

Вашингтон, 23 февруари 2023 (МИА) - Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, изрази солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија на оваа земја, истакнувајќи дека непокорот  на Украинците  „во лицето на агресијата и злосторствата на Путин ги инспирира слободните луѓе насекаде низ светот“.

„Ја подржуваме борбата за слобода на Украинците затоа што тоа е правилниот избор, исто така и поради тоа што тоа игра централна улога во обезбедуањето на безбеднста на Америка“, се наведува во денешната изјава од Остин.

„По две години неказнива и неодговорна војна ги поздравуваме храбрите заштитници на Укрина и им посакуваме на непокорните граѓани на Украина мир, безбедност и слобода“, истакна министерот за одбрана на САД.

На втората годшнина од руската инвазија на Украина, САД воведуваат нови опсежни санкции против Русија со цал да се ослаби нејзиниот воен потенцијал, изјавија претходно американски официјални лица. кб/сд/

Остани поврзан