• четврток, 26 март 2026

Министерот за земјоделство Трипуновски во посета на земјоделците во Делчево

Министерот за земјоделство Трипуновски во посета на земјоделците во Делчево

Делчево, 5 мај 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска ги посети земјоделците во општина Делчево. На  средбата како што истакна се разговарало за штетите од ниските температури кои што се случија изминатиот период.

- Од ниските температури ни сливите и вишните не останаа имуни. Им ја појаснив процедурата која што е потребно да ја спроведе Општина Делчево за да можат да ги пријават настанати штети предизвикани од ниските температури, истакна Трипуновски.

Додаде дека на располагање на земјоделците е Подрачната единица на Делчево при МЗШВ за да излезе во пресрет на Општината за да се заврши побргу процедурата за обесштетување.

Наша обврска како Министерство и како Влада подвлече министерот за земјоделие е да им се излезе во пресрет и да се обештетат земјоделците чии што насади измрзнаа.вс/

Фото: Цветан Трипуновски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан