• петок, 22 ноември 2024

Министерот Велковски во работни посети на Прилеп и Крушево

Министерот Велковски во работни посети на Прилеп и Крушево

Скопје, 3 април 2024

 

Во рамки теренските посети, техничкиот Министер Ѓоко Велковски оствари посета на центрите за социјална работа во Прилеп и Крушево.

При посетата на Центарот за социјална работа Прилеп се разговараше и се разменија идеи како да го смениме и подобриме системот за социјална заштита. Детектирани се системски недостатоци како и во цела Македонија и тоа ќе биде приоритет за корекција во наредниот период. Центарот се соочува и со зголемен број на предмети и намален број на вработени.

Во крушевскиот центар разговаравме за актуелните состојби со исплатата на гарантираната минимална плата  и просторите проблеми кои ги има центарот.

На средбите со пензионерите во Прилеп и Крушево  беше истакнато дека за првпат по 1945 година излегоа на протести во градовите низ Македонија и го дигнаа својот глас за она што им следи како луѓе коишто ги ставиле темелите на оваа држава. Не се живее со 100 денари на ден  - велат пензионерите.

„Несистемските мерки коишто на пензионерите им даваат статистичко порамнување на пензиите, се средства со коишто еден пензионер не може да го помине месецот знаејќи колку се покачени цените на производите. Затоа сме и на терен, да ги детектираме работите за да можеме да дадеме реална поддршка и на локалните самоуправи и да обезбедиме подобри услови за сите граѓани“.

 

Министерство за труд и социјална политика

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан