• петок, 22 ноември 2024

Министерот Бесими се сретна со новонаименуваниот австриски амбасадор Памер 

Министерот Бесими се сретна со новонаименуваниот австриски амбасадор Памер 

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива.

Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст.

Министерот Бесими му посака добредојде на амбасадорот Памер во  земјава и му посака успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.вј/дма/

Фото: Министерство за финансии

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан