Министерот Андоновски на промоција на порталот uslugi.gov.mk во Битола
- Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска во Битола ќе го посети караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал - uslugi.gov.mk.
Скопје, 29 ноември 2025 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска во Битола ќе го посети караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал - uslugi.gov.mk.
Андоновски ќе биде придружуван од битолскиот градоначалник Тони Коњаноски.
Националниот портал за е-услуги е електронска платформа, достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи и други субјекти кои даваат вакви услуги преку порталот.лв/вј/
фото: МИА архива