Министерката Јаневска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“ кој ќе се одржи во основното училиште „Живко Брајковски“ во Бутел.
Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“ кој ќе се одржи во основното училиште „Живко Брајковски“ во Бутел.
-Двегодишната иницијатива за зајакнување на меѓуетничките односи и поттикнување на општествената кохезија преку интегрирано образование и меѓукултурна младинска соработка, беше спроведена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование и наука, со поддршка на донаторите: САД, Норвешка, Полска, Холандија и Луксембург и партнерства меѓу училиштата, општините и граѓанските организации, соопштуваат од Министерството за образование и наука. сст/лв/
Фото МИА архива