Министерката Петровска на Водици во Струга
- Министерката за одбрана Славјанка Петровска, придружувана од државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – В
Скопје, 19 јануари 2023 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска, придружувана од државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга.
– Осветувањето на водите низ целата држава денеска, што го чествуваат сите христијански верници, не потсетува дека само со единство, слога и добра мисла, со взаемна поддршка и поттик, сите ќе бидеме подобри луѓе и затоа да имаме верба во чесното, доброто и праведното, потенцираше министерката Петровска.
Петровска упатила честитки до сите граѓани што го прославуваат денешниот голем христијански празник Богојавление Водици, посакувајќи им мир, хармонија, љубов, здравје, напредок за секое семејство и духовно спокојство за сите.фф/дма/