Минатата недела санкционирани 128 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14 до 20 јули годинава, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 21 јули 2025 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14 до 20 јули годинава, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, е наведува во оопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар