Милoшоски: Падна таван во детската градинка „Мајски цвет"
- Среќа во несреќа е што во градинката "Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична град

Скопје, 13 јуни 2022
Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви.
Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.
Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна.
Линк од фб статус
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.