• сабота, 23 ноември 2024

Милошоски по средбата со Сарацин: Во овој пратенички мандат нема да има промена на Уставот

Милошоски по средбата со Сарацин: Во овој пратенички мандат нема да има промена на Уставот

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските  партнери е единствен и тој значи дека овој пратенички состав Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет да отвори или менува Устав без да има повтрда за тоа и понуда на решение на избори за што се изјасниле граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по средбата со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Германија за Западен Балкан.

-Втората тема која што отворивме е дека е болен парадокс во време кога се разговара на политички теми поврзани со Европската унија, истовремено во истата соба да имате седница на Комисијата за европски прашања каде се употебува европското знаменце за да се пиокрие досега можеби највисоката корупција на тајниот документ којшто го потпишале Артан Груби и Димитар Ковачевски за таканаречените делови од коридори. Друго што беше споменато е дека ги споделивме бројките кои велат дека 85 проценти од македонскиот народ е против ваквото наметнато уценување и барање за промена на Уставот, рече Милошоски.

Информира дека на Сарацин му посочиле оти сериозни невладини граѓански организации што се занимаваат со европските интеграции подолго време укажуваат на тоа дека нивната проценка е дека ова нема да биде ниту прво, ниту последно барање или уцена од страна на Бугарија и затоа треба претпазливо да се пристапи кон оваа непромислена преземена одлука за да не се соочиме со втора, трета или четврта блокада, уцени кои што ќе доаѓаат на сметка на некакви историски прашања. фф/са/

Фото/видео: МИА

Остани поврзан