Милитантите во Конго убиле 55 луѓе
- Милитантите во Конго убиле најмалку 55 луѓе во селата во североисточниот дел на Конго, соопштија денеска тамошните власти.

Гома, 11 февруари 2025 (МИА) - Милитантите во Конго убиле најмалку 55 луѓе во селата во североисточниот дел на Конго, соопштија денеска тамошните власти.
Повеќе од 120 вооружени групи се борат во Конго, повеќето за земјиште и контрола над рудниците.
Вооружени членови на групата Кодеко вчера нападнаа неколку села и камп за раселени лица во провинцијата Итури, изјави Антоанета Нзале, водач на кампот.
Таа рече дека загинале 55 цивили, но дека бројот на жртвите е веројатно поголем, бидејќи телата се уште се извлекуваат од запалените куќи.
Во нападите меѓу 2016 и 2020 година загинаа 1.800 луѓе, а беа ранети повеќе од 500, според Африканскиот центар за проучување и истражување на тероризмот.
Нзале рече дека мировниците на ОН и армијата на Конго интервенирале, но биле совладани од милитантите, кои биле побројни. рп/
Фото: МИА архива