• сабота, 21 декември 2024

Милеј го покани папата Франциск да ја посети родната Аргентина

Милеј го покани папата Франциск да ја посети родната Аргентина

Буенос Аирес, 11 јануари 2024 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј го покани папата Франциск да ја посети родната Аргентина, изјави денеска неговиот портпарол.

Британските медиуми наведуваат дека со повикот за посета на татковината, се чини, новиот аргентински претседател му подава маслиново гранче на папата, по редовните критики на адреса на поглаварот на Римокатоличката црква во претходните години.

Милеј претходно папата Франциск го нарекуваше со различни погрдни зборови, од „имбецил“ до „ѓаволски човек на земјата“, но по неговиот избор за претседател во ноември, тој ја омекна реториката па сега го нарекува „неговата светост“, пренесуваат британските медиуми.

Од кабинетот на Милај наведуваат дека претседателот и папата веќе разговарале телефонски по изборите во Аргентина и дека Милеј изразил надеж дека наскоро ќе му биде домаќин на папата Франциск.

Папата не бил во својата татковина десет години, откако застана на чело на Ватикан. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан