Милер: Ќе се обидеме да постигнеме ран гол против ПСЖ
- Играчот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите размислувања во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ (прв натпревар - 2:3).

Минхен, 12 април 2021 (МИА) - Играчот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите размислувања во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ (прв натпревар - 2:3).
- Би биле среќни да создадеме многу шанси како на првиот натпревар. Во критичните периоди, треба да донесеме подобри одлуки. Направивме анализа. Ќе пристапиме на натпреварот како што обично правиме. Многу е важно да се балансираат ризиците во индивидуални ситуации. Нема да брзаме со глава во нападот, но ќе се обидеме да постигнеме ран гол, изјави Милер.
Реваншот меѓу ПСЖ и Баерн е закажан за утревечер со почеток во 21 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз. зс/