• петок, 22 ноември 2024

Милер е првиот фудбалер во Бундеслигата со 150 асистенции

Милер е првиот фудбалер во Бундеслигата со 150 асистенции
Билефелд, 17 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер стана првиот играч во Бундеслигата со 150 асистенции. Милер вечерва на гостувањето кај Арминија во мечот од 4. коло му асистираше на Роберт Левандовски пред крајот на првото полувреме за во тој момент водство на Баерн од 3:0. За Милер оваа асистенција беше 150-та во германскиот шампионат. Ова е најдобриот резултат за време на водење статистика за асистенции од сезоната 1988/89. Од почетокот на минатата сезона, 31-годишниот Германец десет пати му асистираше на Левандовски на натпреварите во германскиот шампионат. зс/

Остани поврзан