• петок, 05 декември 2025

Миленкоски го објави списокот на повикани одбојкари за претстојните натпревари

Миленкоски го објави списокот на повикани одбојкари за претстојните натпревари

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) - Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски се потпира на добро проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот. 

Седуммина интернационалци браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица и Штип УГД, кои се борат за шампионската титула во домашното првенство, а повик добија и двајца одбојкари на Работнички 71&22.

 За првпат во А селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков.

Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица. зс/ 

Фото: ОФМ

Остани поврзан