• сабота, 11 мај 2024

Милвоки го повтори најдобриот старт во клупската историја

Милвоки го повтори најдобриот старт во клупската историја
Милвоки, 3 ноември 2022 (МИА) – Милвоки ноќеска го победи Детроит пистонс со 116:91.  Бакс го повторија најдобриот старт во клупската историја, со седум победи во седум натпревари. Ѕвездата на тимот, Јанис Адетокунбо постигна 32 поени и 12 скока. „Мило ми е што победуваме, но тоа не е најважната работа. Добро е што тимот ги развива вистинските навики. Добро е што можеме да ја постигнеме целта, дури и кога топката не оди во кошот, тоа не влијае на нас. Продолжуваме да се бориме и да ја движиме топката. Разговараме еден со друг, не сме себични. Добро ни оди, изјави Јанис. Ваков резултат клубот забележа уште два пати - во сезоните 1971/72 и 2018/19. Милвоки останува единствениот непоразен тим во новата сезона во НБА. зс/

Остани поврзан