• вторник, 19 ноември 2024

Милан и Реал остварија предност по првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите

Милан и Реал остварија предност по првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите

Милано/Мадрид, 12 април 2023 (МИА) – Екипите на Милан и на Реал Мадрид се стекнаа со предност по вечерашните домашни победи над своите ривали Наполи, односно Челзи во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.

 

Милан со голот на Алжирецот Исмаел Бенасер (40.минута) го победи Наполи за кој цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Наполи натпреварот го заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето Андре Замбо Ангуиса во 74. минута.

 

Реал Мадрид пред своите навивачи го совлада Челзи со 2:0. Карим Бензема во 22. и Марко Асенсио во 74. минутаа се запишаа во листата на стрелците и двајцата на асистенција на Винисиус Жуниор.

 

Реваншите ќе се играа на 18 април во Неапол и во Лондон. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан