• понеделник, 20 мај 2024

Милан е заинтересиран за потписот на Ачерби

Милан е заинтересиран за потписот на Ачерби

Милано, 26 јуни 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби може да ја продолжи кариерата во Милан. Според „ИТАСпортПрес“, тренерот Стефано Пиоли сака да го види фудбалерот во клубот од Милано. Детали за можниот договор не беа откриени.  

Претходно беше објавено дека Ачерби би можел да ја продолжи кариерата во Монца, која стигна до Серија А.  

Минатата сезона Ачерби одигра 36 натпревари на кои постигна четири гола и две асистенции.  

Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на пет милиони евра. зс/

Остани поврзан