• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Милано, 24 април 2025 (МИА) - Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0.

Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.

Во првиот натпревар екипите одиграа нерешено 1:1, па така со вкупни 4:1 Милан се пласираше во финалето.

Вториот финалист ќе биде одреден вечер по натпреварот Болоња - Емполи (прв натпревар – 3:0). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан