• понеделник, 22 април 2024

Милан бара околу 80 милиони евра за Тео Ернандез

Милан бара околу 80 милиони евра за Тео Ернандез

Милано, 28 февруари 2024 (МИА) - Милан на лето би можел да се раздели со дефанзивецот Тео Ернандез, но клубот нема да го пушти играчот за помалку од 70-80 милиони евра, пренесува новинарот Матео Морето.

Според информациите, за 26-годишниот Французин се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата, како и Саудиска Арабија. 

Договорот на Ернандез со Милан е до летото 2026 година и клубот има намера да му понуди продолжување. 

Дефанзивецот игра за Милан од 2019 година и моментално е втор капитен на тимот.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан