• недела, 22 декември 2024

Милановиќ: Хрватски војници нема да војуваат во Украина

Милановиќ: Хрватски војници нема да војуваат во Украина

Загреб, 29 август 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.

-Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа, рече Милановиќ, а пренесе порталот Индекс.хр.

Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан