Мизрахи: Филипче како поранешен министер за здравство и претходната влада на СДС се одговорни за состојбата на Онкологија
- Венко Филипче како како поранешен министер за здравство, директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите на Онкологија, изјави Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Венко Филипче како како поранешен министер за здравство, директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите на Онкологија, изјави Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ.
- Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател на СДС продолжи да тоне во калта уште подлабоко. Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно. Заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен. Господине Филипче, се чини дека во паниката во која се наоѓате го заборавивте и се надевам дека го заборавивте, а не дека не го познавате Законот за здравствена заштита, па оттаму и вашата прес-конференција на која ме прозивате е во тотален хаос. Господине Филипче, извештаите од институциите доставени до Министерството за здравство во периоди од 6 месеци се согласно член 110 од Законот за здравствена заштита и се доставуваат од директорот на установите. Стручните комисии господине Филипче ги формира министерот и немаат никаква врска со шестмесечните извештаи, инаку тие се согласно членот 226 б, ако ве интересира, рече Мизрахи.
Таа на денешната прес-конференција во партиското седиште, го потсети Филипче дека согласно членот 295 надзор врз здравствените институции врши министерот и оттука следи неговата директна одговорност.
- Да ве потсетам исто така господине Филипче дека за време на анкетната комисија вие некако на ништо не се сеќававте, затоа сакам директно да ве прашам: Дали единствената цел на вашата прес-конференција беше само срамно да се брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани. Господине Филипче треба час поскоро да признаете наместо да се давите во кал дека немало воспоставен систем, дека немало регистар, дека немало следливост на онколошката терапија, дека немало ништо освен системски башибозук, кажа Мизрахи.
Посочи и дека претходната власт оставила долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, а во нивно време имало и неколку онколошки кризи, како онаа од септември 2023 година.
- Го информираме Филипче дека денес институциите ги адресираат и веќе работат на отстранување на недостатоците кои претходната влада на СДС и тој како министер во истата ги оставија под зад себе. Филипче мора да сфати дека ако тој како министер за здравство и претходната влада предводена од СДС мислеа барем малку на пациентите немаше да ја имаме состојбата што ја оставиле зад себе денес. Господине Филипче бегање од одговорност нема да има!, искатна Мкизрахи.са/дма/
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ