Мизрахи од Виница: Економијата ни е во фокусот, зголемуваме пензии, плати, исплаќаме редовно субвенции
- Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции.
19 јули 2025
Интегрален текст од изјава на Рашела Мизрахи, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:
- Добра вечер од прекрасната Виница.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина.
Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток.
Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции.
Во општината се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење. Продолжуваме и понатаму така, за Македонија!
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото: ВМРО-ДПМНЕ