• петок, 05 декември 2025

Миграцијата, поморските зони и билатералната соработка во фокусот на средбата Хафтар – Герапетритис

Миграцијата, поморските зони и билатералната соработка во фокусот на средбата Хафтар – Герапетритис

Атина, 7 јули 2025 (МИА) – Ќе продолжиме со нашите односи со Либија и се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме опипливи резултати за напредокот на нашите односи, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис за државната телевизија ЕРТ по средбата со фелдмаршалот Калифа Хафтар во Бенгази, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека разговарале за прашањата што се однесуваат на миграцијата, морските зони, како и на билатералната соработка.

- Со Либија не поврзуваат заеднички историски традиции и корени. Нè поврзува и нашата посветеност на меѓународното право, како и прашањето со мирот и просперитет на народите од Медитеранот, рече Герапетритис и нагласи дека ќе продолжат да работат заедно за да има опипливи резултати во напредокот на билатералните односи. 

Следниот вторник, на 15 јули, министерот за надворешни работи на Грција ќе биде во посета на Триполи. ср/ссм/

Остани поврзан