• сабота, 06 декември 2025
МИА Флеш

   27  мај  2025

 

 

Скопје - По барање на пратеничката група на „Левица“   денешното продолжение на 49. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници.

Скопје - Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници. 

Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка.

Скопје – Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Аљи, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.

Струга - Осумдесет средношколци од цела држава изминатиот викенд во Струга го искажале својот став преку музички перформанси, поезија, политички говор, изложба на илустрации и графити. Илустрациите од изложбата беа продавани, а собраните средства ќе бидат донирани за настраданите во Кочани, соопшти денеска Фондацијата Фридрих Еберт.

Скопје - Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на проектот Avant2Go  - модерен систем за целосно електрично споделено возење.

Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата,  Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата. 

Скопје - Во Скопје денеска започна Балканскиот Самит на Алумни под мотото „Обезбедување на регионалното партнерство преку водство од следната генерација“ во организација на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА). Настанот, поддржан од Амбасадата на САД ќе трае до 29 мај и има цел да ја поттикне активната улога на младите лидери од регионот во унапредување на демократските вредности, стабилноста и соработката.

Претседателката на МААА, Зорица Трајкова Стрезовска, истакна дека самитот ја отсликува мисијата на асоцијацијата.

Скопје - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска во село Батинци, скопско, го лишиле од слобода Е.Х.(53) од Батинци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при извршениот претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

Приштина – Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако ниту по 22-от обид пратениците не ја избраа комисијата за избор на претседател и пет потпретседатели на парламентот, јави Бета.

Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово и НИСМА ниту во денешното продолжение на седницата не предложија членови на изборната комисија, по што претседавачот Авни Дехари го стави на гласање предлогот за формирање на комисија.

Вилнус – Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „го врти апсолутно целиот свет против себе“ и оти заслужува многу построги санкции од оние што во моментов се применуваат против него.

- Навистина се надевам дека моите колеги во Европската Унија ќе сфатат дека 17-от пакет санкции е само врвот на ледениот брег, потребно е да подготвиме 18-ти пакет санкции, кој навистина ќе стане Молотов коктел, м рече Науседа во емисијата „Форум“ на телевизијата ЛРТ.

Брисел - Европската комисија денеска соопшти дека започнала истрага против четири порно сајтови - Порнхаб, Стрипчет, Икс-Ен-Икс-Икс и ИксВидеос поради сомнеж за недостиг на ефикасна заштита на малолетниците, посебно во врска со непостоењето на системи за верификација на возраста на корисниците, како што е предвидено со Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА). 

Брисел - Европската комисија иницира поддршка во вкупна вредност од 280 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ (ЕУСФ) за обнова на реоните во Австрија, Босна и Херцеговина, Молдавија. Полска, Словачка и Чешка, кои беа погодени од големи поплави во септември и октомври 2024 година. 

Минатата година овие земји беа зафатени од бурата „Борис“, проследена со поројни дождови, кои предизвикаа големи поплави и сериозни материјални штети. 

Берлин – Поголем дел од германските граѓани имаат доверба во новата сојузна влада предводена од конзервативците, споредено со очекувањата што ги имале во 2021 година од претходната влада на Олаф Шолц, покажува анкета на Институтот за идни студии Опашовски од Хамбург.

Според истражувањето спроведено меѓу 12 и 18 мај, 56 отсто од испитаниците изразиле надеж кога е во прашање новата коалиција составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), нејзината баварска сестринска партија ЦСУ и Социјалдемократите (СПД). Тоа е повеќе од 52 отсто кои во 2021 изразиле оптимизам за централно-левичарската коалиција на Шолц, Зелените и Слободните демократи (ФДП).

Москва – Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина, кој ќе ги дефинира принципите и можните временски рамки за решавање на конфликтот, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нацрт-меморандумот ќе ги дефинира и условите за можно примирје, рече Захарова, додавајќи дека документот ќе биде предаден на Киев веднаш штом ќе биде готов, пренесува Тас.

Лас Вегас - Били Ајлиш е победничка на годинешните „Американски музички награди“, освојувајќи признанија во сите седум категории во коишто беше номинирана. Меѓу нив се и главните награди за изведувач на годината и омилена поп-изведувачка, а потоа и - албум на годината и поп-албум, за „Hit Me Hard and Soft“, како и во номинациите за песна на годината и поп-песна, за „Birds of a Feather“, и омилен изведувач на турнеја.

Ливерпул - Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, се огласи по инцидентот во кој автомобил влета во толпата навивачи на клубот за време на славеничката парада на тимот во чест на освоениот трофеј во Премиер лигата.

Инцидентот се случил вечерта на 26 мај. Полицијата во Ливерпул соопшти дека возачот на автомобилот бил 53-годишен Британец.

Тагови

Остани поврзан