• петок, 03 мај 2024

МИА реагира на денешниот вербален напад врз новинарка

МИА реагира на денешниот вербален напад врз новинарка

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Генералниот колегиум на Медиумската информативна агенција (МИА) реагира на денешниот вербален напад врз новинарка од МИА.

При вршење на својата професија колешката беше вербално нападната од страна на обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“, кој при обид таа да побара изјава од неговиот адвокат, обвинетиот ѝ упати погрдни зборови и пцовки со кои ја одврати од обидот.

Сметаме дека ваквото однесување е недозволиво и за осуда и бараме јавно извинување, а надлежните институции да преземат дејствија со кои во иднина ќе се спречат ваквите случувања кои влијаат деградирачки врз новинарската професија. миа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан