• петок, 22 ноември 2024
МИА Општински пул

2 октомври 2024 

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска ја промовираше новата мерка „Кисела Вода - адреса за заеднички дом“ преку која брачните парови до 40-годишна возраст, кои немаат друг имот во своја сопственост, од Општината ќе добијат можност за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште.

Покрај тоа, како што нагласи, овој проект овозможува полесен пат до сопствен дом и значаен чекор напред во борбата за демографска обнова на Македонија, во борбата против депопулацијата и одливот на млади и образовани луѓе.

Скопје - Голем пожар утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Според информациите на ЦУК, еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад.

Од Центарот за управување со кризи пренесуваат дека според информациите на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје во периодот од 01:50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на улица „Прохор Пчински“ во Скопје.

Скопје - Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север синоќа ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од липковското село Матејче и Љ.Љ.(32) од Куманово.

Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица, мигранти од Непал.

Скопје - Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 727 повици на  Единствениот број за итни случаи 112.

- Од нив „реални“ повици биле 54,49 отсто, а 45,51 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,08 отсто, кон Итната медицинска помош 27,97 отсто, а кон пожарникарите 2,46 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.

Струмица - Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие.

Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното.  Водата може единствено да се користи како техничка.

Скопје - Поради изведување водоводен приклучок  ф - 200 мм  на ул. „Борис Трајковски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. 

Остани поврзан