• петок, 22 ноември 2024
МИА Општински пул

17 октомври 2024 

Куманово - Кумановци вечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата на дела подготвени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“, во периодот 2023/2024.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина дела. Љубителите на уметноста ќе имаат увид во креативниот творечки ппроцес на талентираните уметници од различни делови на светот.

Охрид - Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваат акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Полициските екипи се на лице место, но не е познато за каква акција се работи и што е предмет на претресот.

Според непотврдени информации, станува збор за претрес со потрага по наркотични средства оттаму што во претресот за ангажирани и полициски кучиња, но не е исклучено да се работи и за акција за контрола на лица бидејќи се работи за oбјект во кој работи стриптиз-бар каде се  постојано ангажирани странски лица. 

Скопје - Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, вчера во 14:30 часот во село Богородица, гевгелиско, ги лишиле од слобода Ф.С. (21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник.

Скопје - Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Велес -  Две амбулантни возила на велешката Брза помош синоќа итно се упатиле на повикот на колегите од скопската Брза помош за итна медицинска помош на настраданите во тешката сообраќајна несреќа пред тунелот Катланово, во која сите настрадани од превртеното комбе се работници од  Велес, а кои работеле во Скопје.

Како што информира за МИА д-р Славица Нешова Пановска  од Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, на местото на несреќата тие се упатиле со две амбулантни возила, а од Скопје имало неколку амбулантни возила со медицински екипи кои им укажувале итна помош на повредените. На местото на несреќата од Велес прв стигнал нејзиниот колега д-р Жаре Манасков кој заедно со колегите од велешката служба за брза помош веднаш се вклучиле во давање на итна помош, а потоа  еден од повредените итно го однеле  на скопските  клиники.

Скопје - Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

Скопје - Без вода денеска се дел од жителите лоцирани на улицата „Тодор Чангов“ 36 и 38 во Општина Аеродром. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Тодор Чангов“ 36 број 5.  

Делчево - Регионалниот центар за управување со кризи од Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на 17 и на 20.10.2024 година (четврток и недела) во периодот од 08.00 часот ќе спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на место викано Виречка полјана атар на с. Вирче.

-За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни, се вели во соопштението од РЦУК Делчево.

Босилово - Комуналното претпријатие „Огражден“ Босилово објави дека граѓаните на населените места Робово, Радово, Секирник и општинскиот центар Босилово водата од водоводната мрежа не може да ја користат за пиење.

Во известувањето се наведува дека таквата одлука е донесена заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во согласност со правилникот за вода за пиење и таа може да се користи исклучиво како техничка вода.

Велес -  Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера  ги ги привеле  34 годишниот М.Ц. и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги.

Како што информираат од МВР, М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Остани поврзан