• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД 

5 јули 2023

 

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 13:30)

Стразбур – Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур.

Тетово – „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (СВР Тетово/ 9:30, изјава за медиумите/ 12:30)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настанот: „Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија“ во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“  кој што го спроведува Консалтинг за стратешки развој со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД.  (х. „Хилтон“/ 11:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Седница на Судски совет на РСМ. (во салата на Судски совет на РСМ/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанска комора на Северна Македонија на која ќе се обрати претседателот Бранко Азески на тема „’Сивиот дел’ на македонската економија: големина, импликации, решенија“. (во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4/ 12:00)

Скопје – По повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе бидат доделени благодарници за континуирано следење на работата на Институтот на повеќе медиуми. (во Амфитеатарот на Институтот/ 13:00)

Штип – Прес-конференција на ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски по повод претстојниот упис на нови студенти во студиската 2023/24 година. (во Сенат салата на Ректоратот на УГД/ 9:00) 

Скопје – Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) и Здружението на судска администрација ќе одржат синдикален протест. (пред платото на Основен кривичен суд Скопје/ 10:00, изјави за медиумите ќе дадат претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчевски)

Скопје – Прес-конференција на д-р Живко Митревски, претседател на ССМ од 19-ти конгрес и претседател на Синдикат за шумарство, дрвна индустрија и енергетика. (пред просториите на МТСП/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на Сојузот на здруженија на дијабетичари. (пред Министерството за здравство/ 10:30)

Скопје – Промоција на платформата „Чаир одлучува“. (во просториите на Советот на општина Чаир/ 12:30, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, бул. „Киро Глигоров“ бр. 2, во премиум зградата Мерцедес/ 12:30)

Скопје – Прес-конференција на НУ Театар за деца и младинци по повод премиерната изведбана младинската претстава „Франкенштајн“. (во фоајето на ТУ Театар за деца и младинци/ 10:00)

Скопје – НУ Турски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ од Жан Жане. (на сцената на Театар Комедија/ 20:00) 

Битола – Во рамки на битолското Културно лето ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“. (Центар за култура/ 20:00)

Охрид – Изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија. (Меморијална куќа „Христо Узунов“)

Скопје – Прес-конференција на ФК Вардар. (во просториите на кино „Кисела Вода“/ 12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан