• четврток, 02 април 2026

Реакција од ДУИ на изјавата на Мицкоски за полагањето правосуден испит

Реакција од ДУИ на изјавата на Мицкоски за полагањето правосуден испит

Скопје, 13 март 2026

Изјавата на премиерот дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик е наследен проблем претставува обид да се избегне одговорноста за неспроведување право, кое произлегува директно од Уставот и од Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ во соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Албанскиот јазик е службен јазик во Република Северна Македонија. Ова не е политичка интерпретација, туку уставна и законска реалност, која мора да се почитува од секоја државна институција.

Законот за употреба на јазиците беше донесен за да ја гарантира јазичната еднаквост и да го зајакне мултиетничкиот карактер на државата. Обидите овој закон да се претстави како „проблем“ или одговорноста да се префрли на други не ѝ служат ниту на вистината ниту на институционалната стабилност на државата.

Студентите Албанци не бараат привилегии. Тие бараат само спроведување на Уставот и на важечките закони.

Владата има обврска да го спроведува законот, а не да го релативизира преку политички оправдувања. Секое одложување или попречување на остварувањето на ова право претставува чекор назад за еднаквоста и за демократските стандарди на државата.

Република Северна Македонија е изградена врз принципот на еднаквост меѓу заедниците и почитување на јазичните права. Овие принципи не се предмет на преговори и не може да се третираат како „наследени проблеми“, туку како обврски што мора да се спроведуваат.

ДУИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан