• недела, 19 мај 2024
МИА Најави – МКД
25 јануари 2020 Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на Саемот на компании од Општина Сарај, во организација на фондацијата Албиз. (ресторан „Кораб“, Сарај/10:30)
Скопје - Претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. (хотел Мериот/9:40, изјави за медиумите по средбата ќе даде претседателот на СДСМ Зоран Заев)
Скопје - Амбасадата на Црна Гора во соработка со Општина Херцег Нови и Туристичката организација на Херцег Нови организираат свечено дефиле по повод манифестацијата „51-ви Караван на празникот на мимозите“.  (дефилето ќе се одвива на потегот од Музеј на град Скопје по улица „Македонија“ до плоштадот „Македонија“/13:00) Тетово - Прес-конференција на ДПА. (седиште на Партијата/11:00)

Скопје - Шеснаесетта традиционална голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. (во холот на Дом на АРМ /9:00-17:00)

Крушево - Меѓународен настан проследен со поезија, музика и танцување по повод роденденот на Тоше Проески. (Спомен куќата на Тоше Проески/12:00) Скопје - Втор ден од Меѓународниот ракометен турнир за млади категории - КЛ7 2020. (спортска сала „Архиепископ Доситеј“, во склоп на ОУ „Круме Кепески“, Општина Кисела Вода/9:30) ----------------------------------------------------------------------------------- ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан