• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

1 Октомври 2025

Почнува „Розов октомври“ – годишна едномесечна светска кампања за истакнување на важноста на скринингот на дојки.

Стразбур – Продолжува есенското заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Копенхаген – Неформален состанок на шефови на држави или влади на земјите членки на Европската унија.

Вашингтон – Во САД стапуваат во сила нови царински стапки, особено за лекови.

Вашингтон – Рок за Конгресот на САД да го изгласа буџетот за да се избегне запирање на финансирањето на федералната влада.

Пекинг – Национален ден на Кина.

Париз – Дебата во Народното собрание на Франција за оданочување на супербогатите.

Мадрид – Почнува дводневниот судски процес против Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, која е тужена од повеќе од 80 шпански медиуми за нелојална конкуренција.

Атина – Генерален штрајк во Грција.

Нови Сад – Одбележување на 11 месеци од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.

Остани поврзан