• недела, 18 мај 2025

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

23 април 2025

Астана - Италијанската премиерка Џорџа Мелони е во посета на Казахстан до 27 април.

Вашингтон - Почнува дводневната средба на министрите за финансии на земјите од Групата 20 (Г20), која ја сочинуваат 19-те најголеми економии во светот, Европската Унија и Африканската Унија.

Лондон - Американскиот претставник за војната во Украина, Кит Келог, ќе ја претставува САД за време на разговорите за таа војна, што се одржуваат во Лондон.

Москва - Почнува состанокот на Меѓувладината комисија за трговска соработка со Иран, кој ќе трае до 25 април.

Ерусалим - Миса за починатиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциск во црквата на Светиот гроб (Воскресение Христово) во Ерусалим.

Букурешт - Градоначалникот на Букурешт Никусор Дан, кој е и независен кандидат за претседателските избори во Романија на 4 мај, ќе одржи прес-конференција.

Остани поврзан