• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - Свет

21 Мај 2025

 

БЕЈРУТ - Палестинскиот претседател Махмуд Абас е во посета на Либан.

ВАШИНГТОН - Средба на американскиот претседател Доналд Трамп со Сирил Рамафоса, претседателот на Јужна Африка.

ЊУЈОРК - Состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија.

ТОКИО - Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, и кралот Вилем-Александар од Холандија се во посета на Јапонија.

МАДРИД - Султанот на Оман, Хајтам бин Тарик ал-Саид, ја започнува дводневната посета на Шпанија, каде што домаќин е кралот Фелипе VI.

Остани поврзан