• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

14 април 2025

 

Луксембург - Состанокот на дипломатите на ЕУ, на кој главни теми се руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и односите меѓу ЕУ и Африка; Во дискусијата за Западен Балкан ќе им се придружат и министрите за надворешни работи од регионот.

Луксембург - Албанија го отвора Кластерот 2 - Внатрешен пазар во преговорите за пристапување во ЕУ.

Луксембург - Прв состанок од политичкиот дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Палестина, на кој ќе се разговара за конфликтот во Газа, ситуацијата на Западниот Брег и израелско-палестинските односи.

Будимпешта - Унгарскиот парламент треба да гласа за уставните амандмани со кои се ограничуваат правата.

Ханој - Кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Виетнам.

Атина - Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ќе го прими францускиот колега Себастијан Лекорни.

Остани поврзан