• среда, 24 април 2024
МИА Најави МКД

21 март 2024

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. (Стар кабинет/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на ЈОРСМ, со изборно место бр. 5. (16:00)

Скопје – Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ ОДИХР на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија. (х. „Хилтон“/ 11:00)

Свети Николе - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и генералниот секретар на Сојузот на извидници Снежана Јанковиќ ќе учествуваат во акцијата за пошумување БОРЕНКА. (Локација: https://maps.app.goo.gl/W4HEDbArmbf93BqL8/11.00, изјави за медиуми пред почетокот на акцијата)

Куманово - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе ја посети Полициската станица Граничен Премин Табановце, каде што ќе оствари средба со раководствата на ПС ГП Табановце и на Регионалниот Центар за гранични работи Север. ( инсерти 9:30 часот, изјава 10:00).

Куманово - Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се приклучи на активноста „Реката убава мила, доколку е чиста поубава би била" што ја организира ЈОУДГ „Ангел Шајче", по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите, по што е предвидена изјава за медиуми. (градски кеј на река Куманово/11:00

Скопје - Интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина во Градскиот парк во Скопје. (пред „Школка“/ 12:00 – 13:30, каде изјави за медиумите ќе дадат министрите Каја Шукова и Јетон Шеќири, како и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ)

Скопје – Официјално објавување на стратешкото партнерство на А1 со Netflix, водечката светска стриминг услуга. (Национална опера и балет, фоаје/ 18:30)

Скопје – Прва Coface Country Risk конференција во Македонија. (х. „Мериот“/ 11:00, изјави за медиумите се предвидени во 12:30)

Скопје – Ново издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ во соработка со Melita&Partners. (Старт ап Клуб/ 18:00)

Скопје – Прес-конференција на Ертан Шаќири од Здружението СОС ВИТА. (Здружение СОС ВИТА/ 12:30)

Скопје – Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира работилница „Финансиски аспекти на обезбедување на соодветни услови за работа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжeнерство (ФИНКИ)“, како поддршка на најавениот протест од страна на факултетот. (пред Владата/ 12:00)

Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе се приклучи на општинската администрација во Центар во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта. (Локација: Парк Капиштец, ул. Народен фронт, населба Капиштец/11:30) 

Скопје -  Прес-конференција на кандидатот за претседател Арбен Таравари. (плоштад Секендербег/13:00) 

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (простории на Видеолотарија Касинос Австрија, бул.„Киро Глигоров“ бр. 2, во премиум зградата Мерцедес, кат 2/ 11:00)

Скопје – Свечено прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, по што ќе следува традиционалното поетско читање по повод 21 Март - Светскиот ден на поезијата на кое ќе настапат истакнати поети-членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание. (МАНУ/11ː00)

Струга – По повод Светскиот ден на поезијата, ќе биде организирано поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци. (18:30)

Струга – Поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на ПИЈАН СЛАВЕЈ. (Europe House/ 20:00)

Скопје – Свечено отворање на манифестацијата „Денови на поезијата“ во „Скопје Сити Мол” – збор имаат македонските поети! (главен влез на „Скопје Сити Мол“/ 18:00)

Струмица – 16 Роднокрајни поетски средби по повод Светскиот ден на поезијата. (Europe House/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Студии за македонската културна историја“ од проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, амфитеатар/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција по повод концертната промоција на новиот албум на „Кејф“ на Васил Хаџиманов Бенд. (во фоајето на Македонски народен театар/ 12:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Во дијалог со природата“. (Галерија КО-РА/ 19:30)

Скопје – Изложба на фотографии од Бобан Китановски и претставување на второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија“ од Марио Шаревски. (КИЦ, Империјал 2/ 20:00)

Прага – Отворање на  патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. (Национална галерија во Прага)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан