• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД

13 јуни 2023 

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/9:00, официјалната церемонија на пречек и заедничката прес-конференција се отворени за сите акредитирани медиуми, а ќе бидат пренесувани во живо и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски Фејсбук и Јутјуб)

- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (10:00)

 - Тет-а-тет средба (10:15)

 - Пленарен состанок на делегациите  (10:30)

 - Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Пирц Мусар (11:20)

 - Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев. (црква „Св. Спас“/12:00, пристигнување на акредитираните сниматели и фоторепортери/11:40)

Скопје -  Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар ќе има обраќање пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со словенечката претседателка, Наташа Пирц Мусар. (Сала Длаборез/12:25)

Скопје - Седница  на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за спроведување на ортофото снимање. (МЗШВ, кабинетска сала за состаноци / 11:00, изјави за медиуми по потпишување на договорот)

Скопје - Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити и претседателот на Здружението на јавни обвинители Елвин Вели ќе ја презентираат Проценката на ризиците од корупција во правосудството, изработена во соработка со Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители. (х.„Александар Палас“/10:30, не се предвидени изјави)

Скопје - Претставување на националниот секретар на Европскиот институт за иновации и технологија во Република Северна Македонија. (Центар за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ/12:00, изјави за медиумите11:45)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на судска администрација на Македонија. (Пред Основен Кривичен Суд/ 13:20)

Скопје - Промоција на проектот „CBCECcoKid". (ОУ „Лириа“, улица „Цветан Димов“ бб / 10:00)

Сараево - Филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови во организација на НУ Филмски Центар Вардар Филм - Скопје и Сараевскиот Филмски Центар. (Кино Митинг Поинт/16:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. (Музеј на современата уметност/20:00) 

Скопје - Концерт на млади виолинисти во рамки на фестивалот „Виолин фест“. (Камерна сала на Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан