• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

30 јули 2024 

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата, Даниел Браун. (Стар кабинет/10:00)

Скопје - Посета на Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија 

-Средба со Весна Бендевска, попретседателка на Собранието. (Сала на Влада/13:30-14:00) 

-Средба со претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, Љупчо Пренџов, и членовите. (Сала на Уставна комисија/14:05-14:50)

Скопје - Пратеникот Реџеп Исмаил ќе одржи прес-конференција. (Прес-центар/10:00)

Скопје - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе одржи прес- конференција. (Влада на Република Северна Македонија.Медија центар/11:30)

Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе одржи прес-конференција. (Простории на кабинетот на Министерот за јавна администрација во зградата на Нова Македонија на приземје/11:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе одржи работен состанок со членовите на работната група за изработка на Сајбер стратегија. (Клуб на пратеници/10:30, изјава за медиумите во дворот на Клубот на пратеници/11:30, пристигнување на медиумите/11:15)

Охрид - Прес-конференција по повод премиера на театарската претстава  „Рацин“  во режија на Дејан Пројковски, а драматургија на Сашо Димоски. (кафе бар Октава/10:30)

Скопје - Концерт на групата „Парусион“ во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“. (Куршумли ан/20:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан