8 август 2025
Прилеп - По повод одбележувањето на 24-годишнината од трагичната смрт на десетмината армиски резервисти од Прилеп, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Биљана Кузманоска, Пеце Милевски и Миле Талевски, ќе положи цвеќе пред комплексот Карпалак во Прилеп. (13:00)
Скопје - Првиот заменик претседател на Владата, Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствуваат на свеченото отворање на новиот објект „Бамби“, кој е дел од ЈОУДГ „Фидани“. (ул.„Кемал Сејфула“, Чаир/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Флораком и Луна, ќерки фирми на ЈП Паркови и зеленило и Сојузот на синдикатите на Македонија. (Раскрсница за влез во ЈП Паркови и зеленило Скопје (булевар „Илинден“ и улица „Никола Тесла“/ 11:30)
Битола - Во рамки на битолско културно лето ќе се одржи манифестацијата Street Food Festival Bitola. (Градска Пошта, плато / 21:00)
Крушево - Фестивал на отворено When in Krusevo 2025. (Отворање на т.н. chill out зона на Крушевско Езеро/18:00, детски музички фестивал „СИДО“, пред споменикот Илинден, Македониум/19:00, концерти на Трето Колено, Revelation и ди џеј Бапчу, пред споменикот Македониум/21:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***