• сабота, 21 јуни 2025

МИА најави МКД

МИА најави МКД

5 мај 2025

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, којашто под нејзино покровителство ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите. (МАНУ / 12:00)

Скопје - Собраниската Комисија за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. (Собрание на РСМ, Голема купола / 10:00)

Скопје - Средба на Клубот за младински прашања и политики со Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Здружението „Лидери за едукација“. (Собрание на РСМ, сала на Уставна комисија / 10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика . (Собрание на РСМ, сала 4 / 11:00)

Скопје - Консултативна дебата:„Ситуацијата на децата и адолесцентите во Северна Македонија“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“ / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно -  правна комисија. (Собрание на РСМ, сала 5 / 11:30)

Скопје - Посета на студенти на специјализација на командно-штабни должности на Воената академија „Михајло Апостолски – Скопје при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип . (Собрание на РСМ, сала 5 / 13:00)

Штип - Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Општина Штип.

- Изјава за медиуми на влез од Штип наспроти бензинска пумпа Лукоил. (11:30), локација  https://maps.app.goo.gl/vQXRPXWqFB3t6cfy6

- Увид на градежни активности на проектот изградба на градска магистрална улица траса од населба Железничка до местото Рибник прва фаза. (11:30),  увид во работа на булевар „Партизанска“ (12:15), посета на универзитет „Гоце Делчев“ каде свечено ќе се отвори лабораторија „Markerspace“. (12:30), Посета на Општина Карбинци. (13:15)

Скопје - Чествување на Денот на македонскиот јазик и на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. ( Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје / 10:00)

Белград - Во рамките на Програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на современиот македонски јазик ќе се реализира проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“. (Македонски Културно - информативен центар / 19:00)

Загреб - Вечер на македонска поезија и изложба на публикации „Македонска книжевна стерна“ по повод Денот на македонскиот јазик. (Македонски Културно - информативен центар / 19:00)

Скопје - Потпишување партнерство помеѓу средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје и Volvo Group од Шведска, поддржано од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), Швајцарската меѓународна невладина развојна организација Helvetas и Амбасадата на Кралството Шведска во Република Северна Македонија. (Средно стручно училиште „Владо Тасевски“ / 14:00)

Скопје -  Промоција на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III 2023-2027ʻʻ, заеднички проект на Европската унија и Советот на Европа. (Пазар во Шуто Оризари / 10:30,  Општина Шуто Оризари / 11:00, Општина Гази Баба / 13:30)

Велес -  Конференција на тема „Корупција и бизнис“ организирана од ПНУ Институт за применети истражувања за бизнис. (хотел „Глориус“, езеро Младост/ 10:00)

Скопје - Промоција на новоформираниот Tинк-Tенк „Интелигентна Хумана Иднина“ и претставување на позицискиот документ „Вештачката интелигенција – Меч со две сечила“. (Граѓански ресурсен центар, бул. „Свети Климент Охридски“ 21 / 12:00)

Битола - Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството. (Центар за култура / 13:00)

Битола - Здружението за едукација и мобилност „ЛОЕСЈЕ“ - Битола во соработка со предавачките – психолозите м-р Елена Џебр и Бојана Петровска – „Мој психолог“ ќе одржи работилницата „Помеѓу мене и тебе“. („Нетавил“ / 17:00)

Скопје - Отворање изложба „Затаени мигови“ на студенти од Факултетот за ликовни уметности . ( Галерија ФЛУ - објект Педагошка / 20:00)

Скопје - Промоција на поетската книга „Скапо е сонцето“ од Јовица Ивановски. ( ЛАБОРАТОРИУМ / 21:00)

_______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан