• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

21 ноември 2025

Тирана - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија.

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со кинеската амбасадорка, Џианг Сиаојан. (Собрание, Сала на Влада/10:30)

Скопје - Седница на на собраниската Комисија за финисирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Собрание, Сала 6/11:25)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство, Азир Алиу. (Министерство за здравство, Горна сала/9:00)

Кочани - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе присуствува на отворањето на Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани. (Ул. „Тошо Арсов“ бр. 8, спроти Општина Кочани/11:00) 

Скопје - Управата за извршување на санкциите ќе одржи настан по повод отоврање на детското катче во Казнено-поправната установа Идризово, изградено со поддршка од Европската унија и Советот на Европа. (КПД Идризово/10:00)

Скопје - Отворање на Четвртата конференција за мировно образование во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (х. „Холидеј Ин“/10:00; изјави за медиуми/10:15)

Скопје - Свечено отварање на дводневниот симпозиум „Меѓу праксата и науката: Отворено за контроверзии во клиничката пракса“. (Факултет за дентална медицина при МИТ Универзитетот на бул. „Борис Трајковски“ бр.62/12:00) 

Тетово - Конститутивна седница на Советот на Општина Тетово. (14:00)

Скопје - Судско рочиште со пресуда за Фатон Љури за смртно прегазување на Југослав Николовски. (Основен кривичен суд Скопје, судница број 7/13:30)

Гостивар/Врапчиште/Маврово и Ростуше/Центар Жупа - Започнува постапката за собирање на потписи за кандидирање на независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на ДИК и пред надлежен нотар. (8:30 до 16:30) 

Скопје - Факултетот за Образовни науки ќе одржи свечен Наставно научен совет по повод изборот на проф. д-р Стојко Стојков за академик на МАНУ. (12:00, изјави за медиумите пред свечената сала на ФОН/11:45)

Скопје - Вештачката интелигенција во редакциите, како и предизвиците за саморегулацијата и медиумската писменост што произлегуваат од нејзината употреба, настан во организација на Советот за етика во медиумите и Македонскиот институт за медиуми. (АВМУ/11:00)

Кочани - Промоција на книгата „Стојанче Стефанов“ на Марјан Гијовски. (НУЦК “Бели мугри“/18:00)

Скопје - Изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. (Национална опера и блает/20:00)

Скопје - Концерт на бендот Skopje Via. (Јавна соба - Public Room/20:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан