• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

4 октомври 2025

Скопје - Трето издание на регионалниот настан за вмрежување на млади претприемачи „Your Network is Your Net Worth” на Унија на млади претприемачи на Македонија Phoenix Rising. (ресторан Воденица Мулино/10:30)

Охрид - Интернационален симпозиум насловен „Including Inclusion“. (Младински културен центар/10:00, изјави за медиуми ќе даде Мартин Мојсовски, претседател на ИТК Македонија/13:15)

Скопје - Изјави за медиумите на претставници на иницијативата „Сите за Палестина“.  (Пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода / 12:00 и по завршување на маршот)

Скопје - Детскиот саем Kid Expo 2025. (СЦ „Борис Трајковски“ / 20:00)

Скопје - „Розов пикник појaдок“ - настан организиран од ХЕМА-ОНКО - Здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели во партнерство со  Mediсus Help. (Градски парк Школка /10:30)

Скопје - TOY BAZAR насловен Антиконсумеризам. (Дневна, ул. Лондонска 19 лок. /14:00) 

Скопје - Светски ден на вранецот,  во организација на Здружението „Вина од Македонија“. (Музеј на современата уметност)

Скопје - Промоција на книгата сликовница  „Градина полна латици“ од Иван Антоновски. („Цреша бар“/12:00)

Скопје - Културната манифестација „Бела ноќ“ во организација на Универзална сала и Град Скопје: 

-„Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – мултимедијални презентации, изложби по што следуваат диџеј  сетови на диџеј Дарко Јорданов (Скопје),
диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз) (Сули Ан 20:00)

-Изложба „Од чета до армја“. (Музеј на македонската борба / 20:00)

-Изложба во соработка со ООУ „Вера Јоциќ“ – „Преспанско езеро – бисер на природата“. (Научен музеј/20:00)

-Детска ликовна изложба. (Детски културен центар /11:00)

-Промоција на книга „Работилница за поправка на чувства - втора антологија на иднината“. (Библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)

-Збир на повеќе настани (Културен дом „Кочо Рацин“/19:00)

-Збир на повеќе настани (Културно информативен центар/20:00)

-Изложба ДЛУМ (Музеј на Град Скопје/19:00)

-Претстава „Велеградски варијации“ (Младински културен центар/20:00)

Скопје - Отворање изложба на цртежи и на графики „Рапсодија на бои“ на Зоран Лазаревски. (Галерија „КО-РА“, голем салон/20:00)

Скопје - Фестивал на биодиверзитетот – празник на автентичноста, локалното производство, здрави корења и полни софри во организација на Слоу фуд Водно со поддршка од Слоу фуд Македонија. (Јавна соба /10:00)

Скопје - Концерт две флејти и пијано „Музички моменти’’. (КИЦ, Салон 19:19 /21:00)

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025:

Теарце/Брвеница/Јегуновце/Ѓорче Петров/Куманово - Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ - „Вистинскиот избор твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ во Теарце (16:00), Брвеница (17:00), Јегуновце (18:00), Ѓорче Петров (19:00) и во Куманово (20:30)

Градско/Чашка/Велес/Свети Николе - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата - „Се бориме за нашиот дом!“ со митинзи во Градско (17:30), Чашка (17:30), Велес (18:30) и во Свети Николе (20:00)

Кичево - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, носителот на листа, Бојан Мишкоски, и останатите кандидати за советници ќе имаат средба со граѓани. (Плоштад во Кичево/11:00)

Струга - Промоција на кандидатот за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, и средба со граѓани во Струга на која ќе присуствуваат претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Општина Струга, Јована Мојсоска, носителот на листа, Климе Карамитрески, и останатите кандидати за советници. (Изборен штаб на Левица во Паркот на поезијата наспроти кафе ,,Синема"/14:00)

Охрид - Претседателот на ПП Левица,  Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, носителот на листа, Виолета Аврамоска, и останатите кандидати за советници ќе имаат средба со граѓани. (Плоштад ,,Крушевска Република", Чинар/18:00) 

Скопје - Кандидатот за градоначалник за Скопје од Левица Амар Мециновиќ и кандидатот за градоначалник за Аеродром Марјан Димитрив од Левица, ќе имаат средба со граѓани, како и останатите кандидати за советници за Аеродром. (Пред ТЦ „Бисер“ во Аеродром/17:30)

Сарај - Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе одржи прес-конференција по повод претставување на новиот зелен појас во Скопје. (Општина Сарај, кај базенот во склоп на спортско-рекреативниот центар „Сарај“/11:00)

Скопје - Промоција на кандидати за градоначалник и советници за општина Гази Баба предложени од Работничка партија. (Населба Ченто, кај пазарчето11:00) 

Штип - Политичката партија МААК ќе одржи средби со граѓани. (Населено место Три Чешми /11:00, населено место Свиљогојство /12:00, изјави за медиумите /12:45)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Остани поврзан