• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

9 ноември 2023 

Скопје – Презентација за членките на Клубот на пратенички на тема: „Родовата застапеност во изборите и политичките процеси во Северна Македонија: научени лекции и препораки за парламентарните избори во 2024 година“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/ 10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 11:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеничката Сафије Садики Шаини. (Прес-центар / 12:00)

Скопје – Работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија со невладини организации на жени Ромки од Битола. (Сала 6/ 12:00)

Париз – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во работна посета на Париз.

Скопје – Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе одржи прес-конференција со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија. (Медија центар на Владата/ 11:00)

Скопје – Министерството за здравство организира брифинг за новинари на тема „Вакцинација против ХПВ“. (Јавна соба/ 10:00, на крајот на брифингот ќе има можност за снимање изјави/ 11:00)

Скопје – Конференција насловена „Зајакнување на корпоративното управување во Северна Македонија: Известување за одржливоста и зголемување на улогата на одборите за ревизија“, во организација на Центарот за реформа на финансиското известување (Светска банка) во рамки на регионалниот проект „Патот кон Европа: Програмата за реформа на сметководството и институционално зајакнување за мали и средни претпријатија“ (REPARIS) наменет за мали и средни претпријатија. (х. „Мериот“/ 9:00 – 18:00)

Скопје – Прес-конференција на раководството на Народна банка за есенски макроекономски проекции на Народната банка. (Народна банка/ 11:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 10:45)

Скопје – Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ќе одржи брифинг за новинари. (Генерална дирекција на УЈП, Комплекс банки, кат 2 / 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Државен инспекторат за животна средина. (Сала за состаноци на Државен завод за ревизија, ул. „Бихаќка“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“/ 11:00)

Скопје – Регулаторната комисија за домување, во соработка со Групацијата за управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Северна Македонија, организира работна средба со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда, на тема: „Насоки за вршење на дејноста на управување со станбени згради во согласност со Законот за домување“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, кат 5/ 12:00, изјави за медиумите во холот на Комората на кат 5/ 11:45)

Скопје – ЦИВИЛ организира панел-дискусија на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“. (Настанот ќе се емитува на профилите на социјалните мрежи и видеоканали на организацијата/ 12:00)

Скопје – Панел-дискусија на тема: „Застапеностa на жените во водечките позиции“ организирана од Демократско движење. (х. „Буши“/ 18:30, изјава за медиумите на лидерот на Демократското движење, Изет Меџити)

Битола – Промоција на проектот „Солве“ - превенција од пожари и поплави. (Офицерски дом/ 10:00)

Њујорк – Светска премиера на документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска на фестивалот за документарни филмови DOC NYC.

Скопје – Концерт на „Танец“ по повод 100 години од раѓањето на Васка Илиева. (Дом на АРМ / 20:00)

Скопје – Изложба „Once Upon A Time In The East“ на Томе Аџиевски. (Чифте амам/ 19:30)

Куманово – Самостојна изложба на академската графичарка Милена Арсовска, со наслов „Парадоксот на автентичноста“. (Центар за култура „Трајко Прокопиев“/ 19:30)

Битола – Изложба „Париски рефлексии“. (Офицерски дом/ 19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан